Јокиќ со дабл-дабл не успеа да го спаси Денвер од пораз (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денвер нагетс загуби со 38 поени разлика од Њујорк никс (84-122), а српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 31 поен и 11 скокови.

Јокиќ немаше поддршка од соиграчите, па ниту со дабл-дабл не успеа да го спаси Денвер од тежок пораз.

Њујорк доминираше во текот на целиот натпревар, а уште на полувреме најави дека ќе запише победа, откако водеше со 21 поен разлика.

Во редовите на победничкиот тим најдобар беше Аноуби со 26 поени.

Останати резултати:

Индијана – Филаделфија 134-122

Вашингтон – Јута 108-123

Њујорк – Денвер 122-84

Голден Стејт – Сакраменто 133-134

Лос Анџелес Лејкерс – Чикаго 141-132