Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да блеска во НБА-лигата, па така минатата ноќ одигра одличен натпревар против Шарлот.
Јокиќ го заврши натпреварот со 40 поени, 27 скокови и 10 асистенции, додека уште во првото полувреме имаше над 20 скокови и така испиша историја.
Србинот стана прв кошаркар уште од 1968 година и Вилт Чемберлен кој постигнал најмалку 35 поени и 25 скокови и стигнал до трипл-дабл.