Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ беше главен во победата на Денвер нагетс против Мајами хит со 135-122.
Денвер направи исчекор кон победата во првата четвртина, која ја доби со 40-27, по што Мајами не успеа да ја врати неизвесноста.
Јокиќ го заврши натпреварот со трипл-дабл, односно постигна 30 поени, 14 асистенции и 11 скокови, а имаше помош од Џамал Мареј кој постигна 28 поени.
На спротивната страна најдобар беше Хиру со 24 поени и 11 асистенции.
Останати резултати:
Мемфис – Вашингтон 128-104
Оклахома – Хјустон 126-107
Денвер – Мајами 135-122
Минесота – Портланд 127-102
ЛА Лејкерс – Филаделфија 116-106
Сакраменто – ЛА Клиперс 98-107
Шарлот – Индијана 103-83
Детроит – Атланта 122-121
Орландо – Њу Орлеанс 115-88
Бостон – Бруклин 108-104
Кливленд – Голден стејт 136-117
Далас – Феникс 113-114
Њујорк – Милвоки 116-94