Јокиќ со трипл-дабл ги расплака Дончиќ и Далас (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денвер нагетс продолжи во одличен ритам и славеше против Далас маверикс со 118-109, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Србинот го запиша неговиот 21. трипл-дабл сезонава, а во победата му помогна и Мајкл Портер кој постигна 22 поени.

Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас со 37 поени, четири скока и девет асистенции, но на теренот не беше Кајри Ирвинг да му помогне, откако претходно се пожали на повреда.

Бостон селтикс беше подобар од Детроит со 127-109, а најефикасен на теренот беше Џејсон Тејтум со 38 поени.