Јокиќ со трипл-дабл му донесе нов триумф на Денвер (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ блесна во победата на Денвер нагетс против Њу Орлеанс пеликанс со 122-113.

Јокиќ стигна до трипл-дабл, откако постигна 26 поени, 18 скокови и 15 асистенции, додека на паркетот му помогна Џамал Мареј со 32 поени.

Лос Анџелес лејкерс славеше против Њујорк никс со 129-123 по продолженија, додека Леброн Џејмс постигна 28 поени, 10 скокови и 11 асистенции.