Јокиќ со трипл-дабл против Вашингтон испиша историја (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да испишува историја во НБА-лигата, па така против Вашингтон визардс го запиша 121. трипл-дабл во кариерата со 21 поен, 19 скокови и 15 асистенции.

Денвер нагетс славеше со 130-110 против Вашингтон, а Јокиќ го постигна првиот трипл-дабл против овој тим и така стана трет кошаркар во историјата кој стигнал до таков успех против секој тим од најсилната кошаркарска лига.

Претходно такво нешто во НБА-лигата им успеа само на американските кошаркари Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.