Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во последната секунда го реши натпреварот меѓу Денвер нагетс и Орландо меџик (119-116).
Јокиќ се врати по пауза од еден натпревар поради лесна повреда и направи шоу на теренот, односно оствари трипл-дабл и го реши натпреварот.
Во последниот напад, при резултат 116-116, Јокиќ испрати тежок удар кој заврши во кошот и ги израдува навивачите во салата.
Ѕвездата на Денвер постигна 17 поени, 14 асистенции и 10 скокови на натпреварот, а најефикасен беше Ерик Гордон со 25 поени.