Јокиќ влезе во елитниот НБА-тим: Ни Џордан не е меѓу овие легенди! (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го заврши своето учество на плејофот, откако во финалето на Западната конференција заедно со Денвер загуби со 1-4 против Лос Анџелес Лејкерс.

Денвер играше навистина храбро и му создаде многу маки на фаворитот за титулата, а Јокиќ блескаше во плејофот во текот на сите 19 натпревари.

Тоа го докажува и неговата статистика поради која влезе во избрано друштво на најголемите НБА-легенди.

Српскиот кошаркар го заврши плејофот со 450 постигнати поени, 180 скокови и повеќе од 100 асистенции.

Такво нешто му успеало на Леброн Џејмс дури пет пати, Лери Брд стигна до таков успех трипати, а сите останати по еднаш.