Јокиќ во петтиот меч против Минесота очекува – пекол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс ја „стопи“ предноста на Минесота откако го доби и вториот меч во Минеаполис, а повторно одличен на паркетот беше Никола Јокиќ.

Јокиќ во четвртиот меч постигна 35 поени, седум скокови и седум асистенции, а доби помош од страна на Арон Гордон.

Србинот, сепак, смета дека допрва следи пеколот затоа што очекува петтиот меч против Минесота да биде најтежок во неговата кариера.

„Уште ништо не сме направиле. Знам дека петтиот меч ќе биде најтешкиот во нашите животи. Мора да се подготвиме соодветно. Уште пред да почне серијата мислев дека ќе биде интересно“, кажа Јокиќ.