Јокиќ за рекордот на Џејмс: Ти си пример за младите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс игра ужасна сезона, а единствена светла точка во моментов е Леброн Џејмс, кој синоќа постави рекорд по број на постигнати поени во НБА-лигата.

На 39-годишна возраст и во својата 20. сезона во НБА-лигата, Леброн успеа да го надмине Карим Абдул-Џабар.

По натпреварот коментар даде и Србинот Никола Јокиќ, кој го пофали асот на Лејкерс и кажа дека им е пример на младите.

„Тешко дека некој ќе го повтори успехот на Леброн. Тоа е голем успех. Човек веќе 20 години игра на врвно ниво. Не може голем број луѓе да постигнат такво нешто, тој им е пример на младите“, вели Јокиќ.