Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Магичниот Никола Јокиќ не може да се запре! Денвер Нагетс, по катастрофа во резултатот и убедлив пораз од Њујорк Никс (145:118), ја победија Јута на гости (122:103) а најдобар поединец на теренот беше токму Јокиќ.
Србинот постигна 30 поени, 10 скокови и 7 асистенции, а со еден потег пред натпреварот ја запали планетата. Јокиќ ја продолжи традицијата и не го прекина ритуалот кој го прави пред секој меч, и покрај тоа што изгледаше дека сега ќе мора без него. За што всушност се работи?
Пред секој натпревар Никола Јокиќ има специфичен поздрав со Ерон Гордoн, а Американецот овој пат не беше во составот на Нагетс. Сепак, Јокиќ, и покрај тоа, истрча до местото каде што обично се поздравува со Гордон и го изведе нивниот ритуал сам, оставајќи ги Американците во неверување.
.