Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар утре ќе игра против Елверум во Лигата на шампиони, па „црвено-црните“ се надеваат на триумф по лошата серија во која влегоа во елитното натпреварување.
Натпреварот против Елверум е закажан за 16 часот, а Ловро Јотиќ кажа дека ова е натпревар, кој мора да му припадне на Вардар.
„Ќе играме натпревар со Елверум. Ова е натпревар кој мораме да го победиме по секоја цена. Со Сегед заслуживме барем бод, но се случуваше нешто во последните десетина минути од кое не можевме да се вратиме. Како и да е мислам дека растеме и играме подобро отколку од пред две месеци. Со оглед на тоа дека Сегед беше фаворит мислам дека добро ги намачивме. Норвежаните навистина многу трчаат, но со нашата добра одбрана не би требало да ни прават толку проблеми како Сегед кој има многу поголемо искуство“, кажа Јотиќ.