Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На српскиот напаѓач Лука Јовиќ очигледно е дека не му цветаат рози во редовите на Реал.
И покрај тоа што е платен 60 милиони евра, Јовиќ засега не ги оправда очекувањата, а се споменува дека можно е да замине и на позајмица.
Сепак, остана, започна со три натпревари во Примеа, а на шест натпревари доби шанса од клупата. Има постигнато еден погодок, но во редовите на Кралевите веруваат дека ќе биде потребно некое време за тој да ги докаже своите квалитети.
Во Шпанија Јовиќ пристигна од Ајнтрахт Франкфурт каде што беше фантастичен. Во 32 натпревари од Бундес Лига постигната 17 погодоци и со тоа ја воодушеви германската јавност.
Доби многу признанија, а едно пристигна и овие денови.. Имено, во изборот на Синдикатот за Професионални Фудбалери на Германија тој е прогласен за најдобар напаѓач во Бундес Лига во изминатата сезона.
Доби 75,8% од гласовите на фудбалерите кои учествуваат во овој избор.