Јовиќ е жив малер: Не добива шанса, а кога треба да ја добие му се случуваат чудни работи

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ требаше да настапи против Челси во Лигата на шампиони (ЛШ), но тој ќе го пропушти мечот затоа што го повредил скочниот зглоб на мечот меѓу Данска и Србија.

Јовиќ заигра во вториот дел од натпреварот, а на теренот остана само 34 минути, додека последниот настап за „кралевите“ го имаше на 20 јануари против Елче.

Србинот за шпанскиот гигант одигра 49 меча и постигна само три голови, а тоа е малку за напаѓач за кој се трошат четири ипол милиони евра за плата.

Напаѓачот на „кралевите“ ќе си замине од Мадрид, а Реал очекува да добие околу 30 милиони евра за да спаси дел од парите кои ги инвестираше во неговиот трансфер.