Јовиќ им покажа на Бејл и Азар дека сѐ е можно во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ долго време не можеше да се прилагоди во дресот на Реал Мадрид, но тој успеа да се избори со притисокот и во последните два меча го покажа тоа што сите го очекуваа.

Јовиќ во вторникот настапи за првпат оваа сезона, кога влезе од клупата против Реал Сосиедад и запиша гол и асистенција во триумфот на „кралевите“.

Исто така, Јовиќ одигра многу добар натпревар и против Интер, по што доби пофалби од тренерот Карло Анчелоти, а шпанските медиуми на интересен начин ја анализираа играта на Србинот со текст „Јовиќ им покажа на Азар и Бејл дека многу работи се возможни во Реал“.

Реал во градското дерби ќе го пречека Атлетико во недела од 21 часот, а во моментов ситуацијата на табелата е таква што „кралевите“ имаат 10 бода повеќе од големиот ривал.