Јовиќ ја отвори душата за Реал: Многу рано дојдов во Мадрид…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Лука Јовиќ требаше да биде големо засилување за Реал Мадрид по трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, каде што играше во одлична форма, меѓутоа тој се покажа како разочарување.

„Кралевите“ не беа задоволни, иако српскиот напаѓач добиваше шанса која не ја користеше, па поради тоа беше предаден на Фиорентина.

Јовиќ во Серија А се обидува да ја оживее кариерата, но нема добри спомени од Мадрид, па во интервју за медиумите кажа дека премногу рано потпишал за Реал.

„Времето поминато во Реал ќе го паметам како добро. Горд сум што бев дел од најголемиот тим во светот, но да бидам искрен, многу рано потпишав за клубот. Карим Бензема беше одличен и заслужено ја доби ‘Златната топка’. Посебен впечаток во Мадрид ми оставија Бензема и Модриќ, кој беше секогаш тука да ми помогне“, вели Јовиќ.