Јовиќ ја покажа кралската класа на тренингот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ уште на почетокот на својата кариера во Мадрид се чувствува многу добро во дресот на Реал.

Младиот напаѓач работи со голема желба на тренинзите и покажува дека заслужува шанса во првиот тим на „кралевите“.

Еден од начините да се наметне кај тренерот Зинедин Зидан го покажа токму на снимката, кога на тренинг постигна феноменален гол и покажа дека не е платен случајно 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт.