Јовиќ ќе биде дел од голема размена: Реал Мадрид по секоја цена го сака Халанд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на цела зима трае трансфер сагата за иднината на српскиот напаѓач Лука Јовиќ, а тој најверојатно ќе остане до крајот на сезоната во Реал Мадрид, иако имаше шпекулации дека ќе замине.

Шпанските медиуми пишуваат дека причина за тоа што Јовиќ ќе остане во екипата е повредата на францускиот репрезентативец Карим Бензема.

„Калчомеркато“ пишува дека тренерот Карло Анчелоти воопшто не смета на Јовиќ, Бејл, Марсело, Иско, Мариано Дијаз, Хесус Ваљехо, Себаљос, Азар и Асенсио, па дел од нив ќе вклучи во размената со Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид долго време е заинтересиран за услугите на Ерлинг Халанд, а Германците пишуваат дека Реал ќе го испрати Јовиќ во размена за Норвежанецот, но исто така планира и да исплати голема сума на пари за трансферот.