Јовиќ нека ги пакува куферите: Реал Мадрид нема способен напаѓач, освен Бензема!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниотфранцуски репрезентативец Давид Жинола даде коментар за шпански „АС“ за претстојниот меч во осминафиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Новинарите најмногу ги интересираше дали ќе настапи Карим Бензема, а Жинола смета дека Реал ќе биде во проблеми ако Французинот не се појави на теренот, зашто не им верува на останатите напаѓачи на „кралевите“.

„Ако не игра Бензема, постојат два проблеми за Реал Мадрид. Нема да имаат способен напаѓа да постигнува голови, но и психолошки тоа ќе биде добро за ПСЖ, зашто дефанзивците нема да имаат одличен стрелец пред себе“, кажа Жинола.

Бившиот фудбалер вели дека Килијан Мбапе ќе стане најдобар фудбалер во светот во иднина.

„Мбапе може да постигне што сака. Ако реши да остане или да замине во Реал, Англија, Барселона. Во секој момент може да направи разлика на теренот. Кога имате толку талент, потребна ви е само желба и може да стигнете каде што сакате“, вели Жинола.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид се игра во вторник од 21 часот на „Паркот на принцовите“, а засега не е познато дали прв избор во нападот ќе биде Лука Јовиќ.