Јовиќ повторно на излезна врата: Анчелоти го откри планот за Србинот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летнито преоден рок е завршен, а шпекулациите околу зимскиот веќе почна. Повторно една од главните теми во Мадрид е Лука Јовиќ.

„Еуроспорт“ објави дека српскиот напаѓач би требало да замине во јануари. Наводно, постојат две потенцијални локации за него, а тоа се Премиерлига и Серија А.

За тоа време Карло Анчелоти кажа дека не сака да слуша повеќе приказни за трансфер. Тренерот на Реал повторно зборуваше за Србинот, но овој пат по убедливата победа против Мајорка од 6-1.

„Бензема даде осум гола, игра одлично и тој е тип на напаѓач кој не е само стрелец, туку им помага на соиграчите. Сепак, одмор ќе му биде потребен и на него, а тоа ќе се случи кога ќе игра Јокиќ. Лука има голема конкуренција, но секогаш на теренот играше добро“, вели Анчелоти.