Јовиќ се сели во Италија кај Елмас?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ не се прилагоди во Реал Мадрид и затоа е критикуван секојдневно од страна на навиваччите. Неодамна беше нападнат и во Србија со оглед на тоа дека се врати дома поради коронавирусот, меѓутоа беше снимен како шета на улица, иако требаше да биде во изолација.

На крајот се смири ситуацијата, но и понатаму е тема на светските медиуми, иако овој пат тоа е поради неговата кариера.

Аркадиуш Милик побара трансфер од Наполи, а медиумите пишуваат дека Џенаро Гатузо како замена го сака Јовиќ.

Неодамна англиските медиуми пишуваа дека Јовиќ ќе се пресели во Челси, но тоа тешко ќе се оствари.