Јовиќ за 130 минути даде повеќе голови за Србија, отколку цела сезона за Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ за само четири дена постигна два гола, а во Реал Мадрид даде само еден и поради тоа доби голем број критики, но се поставува прашањето дали проблемот е навистина во него.

Јовиќ очигледно има квалитет да постигнува голови, а двата погодоци во претходните денови се доказ дека Србинот има сè што му е потребно на еден напаѓач.

Србија му ја врати самодовербата, а тој се заблагодари со важни голови за неговата татковина, па сега конечната одлука останува на тренерот Карло Анчелоти и тоа дали ќе му даде шанса следната сезона.

Јовиќ има договор на уште три сезони со „кралевите“, а тоа е доволно време за да покаже со што располага и да стане важен дел од екипата.