Ју-Ес Опен ќе се игра во Њујорк!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската тениска федерација смета дека Ју-Ес Опен треба да се одржи во Њујорк, иако градот е едно од најголемите жаришта на пандемијата на коронавирусот во САД, и тоа според планираниот распоред од 31 август до 13 септември.

Но, со оглед на здравствената ситуација, се разгледуваат и алтерантивни сценарија, па постои можност да се пресели турнирот во Орландо.

„Целта на Американската тениска федерација е да се организира гренслемот во Њујорк. Во последно време има многу шпекулации поврзани со турнирот, но во моментов не донесовме никаква одлука. Постојано ја следиме ситуација, но за промена на местото на турнирот засега не размислуваме“, кажа портпаролот на федерацијата.