Ју-Ес Опен се сели на Флорида?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот тениски сојуз е под притисок да пронајде нов датум, но и локација за одржување на Ју-Ес Опен.

Претходно како место за одржување на гренслем-турнирот се споменуваше Индијан Велс, меѓутоа сега поверојатна е опцијата да се игра на Флорида.

„Телеграф“ објави дека Ју-Ес Опен би можел да се одржи на крајот на годината и тоа без присуство на публика.

Ролан Гарос беше одложен за 27 септември поради што би можел АТП да се најде во проблеми бидејќи тенисерите мора да одат во 14-дневен карантин.

Американскиот тениски сојуз планира да направи разговор со најдобрите играчи и се очекуваат одредени поделби за турнирите меѓу нив.