Јунајтед го понуди Рохо за Португалец


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изрази желба во својот тим да го има следната сезона португалскиот дефанзивец од Саутемптон, Жозе Фонте.

Се верува дека ова ќе биде последното засилување на црвените ѓаволи ова лето, а покрај парите клубот од Олд Трафорд спремен е да го понуди и Маркос Рохо.

Аргентинецот не е во плановите на посебниот. Спремен е да му го даде на Саутемптон во овој трансфер.

Фонте е член на светците од 2010-та година, а во кариерата има играно за помали клубови во Португалија и англискиот Кристал Палас.

Со репрезентацијата на Португалија го освои ЕП во Франција оваа година и со фантастичната игра го привлече вниманието на Жозе Мурињо.