Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед пробува на сите начини да се реши од играчот за врска Бастијан Швајнштајгер.
Новиот тренер на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо не смета не неговите услуги и воопшто не му дозволува ни да тренира со првиот тим.
Како што наведуваат медиумите во Англија, Манчестер ќе го пушти за само два милиони фунти, иако во минатото лето од Баерн го доведоа за седум милиони.
Проблем е во тоа што Црвените ѓаволи го плаќаат дуири 190 000 фунти неделно овој фудбалер и сакаат поради тоа да се решат од него бидејќи неодамна го доведоа Пол Погба кој истотака има висока плата, и пробуваат да ги намалат трошоците.
Тоа е проблем и за тимовите кои се интересираат за Бастијан, бидејќи никој не е спремен да му понуди толкува плата.