Јунајтед на Покетино би изгледал застрашувачки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе го замени ли Солскер?

Маурицио Покетино сериозно е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми тврдат дека аргентинскиот стручњак е спремен да ја прифати евентуалната понуда од Олд Трафорд, а таа би можела да пристигне за многу кратко време.

Наводно, Оле Гунер Солскер можно е да добие отказ доколку тимот изгуби во наредните два натпревари против Тотенхем и Манчестер Сити, а 47-годишниот стручњак чека за да го замени Норвежанецот.

Англичаните веќе на големо размислуваат и за потенцијалниот состав кој Покетино може да го има на Театарот од соништата.

Уверени се дека тој би успеал да го предомисли Хери Кејн, Тоби Алдервирелд  и Кристијан Ериксен да дојдат во Јунајтед, а тука е и Бруно Фернандес.

Со овој тим тој би можел да постигне многу, но ова се само нагодувања на англиските медиуми.