Јунајтед не се согласува на уцени – ништо од договорот вреден 120 милиони, Јувентус нуди ново решение?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед е уште подалеку.

Репрезентативецот на Англија се качил во авион денес со други играчи на Дортмунд кои ги започнуваат подготовките во Швајцарија, а 10. август беше крајниот рок за „Милионерите“ да ја завршат работата.

Германците не сакаат да се откажат од цели 120 милиони евра за обештетување, Јунајтед се надеваше на пониска цена, но засега нема ништо од тоа.

Затоа се свртеа кон друго, исто така интересно решение на „Олд Трафорд“ – Даглас Коста.

Бразилецот е еден од играчите кој би можел да го напушти Јувентус по многу пониска цена од Санчо.

Коста има 29 години и беше формиран фудбалер, кога е во форма тој е еден од најдобрите на својата позиција и нема сомнение дека би бил засилување за сегашниот тим на Оле Гунар Солскјер.

Покрај тоа, Јунајтед би можел да го купи за цена од 40 милиони евра, со оглед на шпекулациите дека Андреа Пирло сака да го подмлади тимот и во него не гледа иднина.

Сепак, се чини дека сè зависи од подготвеноста на „Црвените ѓаволи“ да ја прифатат состојбата на Борусија, кои тешко би се спротивставиле на понудата од 120 милиони евра дури и пред почетокот на сезоната …