Јунајтед се договорил со Јувентус, се чека мајката на Рабио!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред неколку дена тргна по услугите на Адриен Рабио од Јувентус и наскоро се очекува реализација на трансферот.

Францускиот фудбалер ги договорил личните услови, а Јувентус прифатил продажба, но се чека сега мајката на Рабио, која му е воедно и менаџерка, да ги договори останатите детали.

Јувентус за трансферот на Рабио ќе заработи околу 15 милиони фунти, а тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг веќе имал разговор со фудбалерот.

Рабио никогаш не ги оправда очекувањата во Јувентус, каде што пристигна од ПСЖ, но сепак имаше солидни настапи за француската репрезентација и тоа му беше доволно на Тен Хаг да посака да го ангажира.