Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Влечкањето со Погба уште трае, Јунајтед повторно се враќа на обидите да го ангажира Хемес Родригез.
Колумбиецот кој важи за еден од најталентираните играчи во Европа и чија цена се проценува на околу 70 милиони фунти минатата сезона беше несреќен во тимот од Мадрид па шпанскиот медиум Марка пишува дека тимот од Јунајтед би можел да го ангажира 25 годишниот Колумбиец.
Местото на Родригез во тимот не е сигурно, и шпанскиот весник тврди дека Марко Асенсио во последните неколку месеци добива повеќе шанса во тимот и прикажува одлични игри, со што би можел да го земе местото на Родригез.
Но, шпекулациите за одењето на Родригез излегоа и покрај тоа што Зидан наводно изјавил дека го сака Родригез во тимот за следната сезона, но тој сеуште нема потврдено дека Родригез и официјално ќе остане.
Зидан изјави дека нема ништо против Хамес и дека го сака во својот тим.
„Имаме многу играчи на таа позиција, сеуште ништо не е сигурно. За тоа ќе се одлучува кога ќе се вратиме во Мадрид“
„Не сакам Родригез да не напушти, Мадрид е неговиот дом, тој е одличен играч. Тој само сака да добива поголема шанса. Ние секогаш носиме добри одлуки“ – изјави Зидан