Јунакот на Динамо останува на Максимир. Ваков договор досега немало во Хрватска!

Ел Арби Соудани, јунакот на Динамо од Загреб, човекот чиј погодок го однесе Динамо во групната фаза на ЛШ доби нов договор од тимот од Загреб и не оди никаде.

Договор кој алжирецот неможеше да го одбие иако пред неполна недела одби продолжување, сега рече „да„ и ќе заработува 1.000.000 евра по сезона!

Стариот договор му истекува наредното лето, а се зборуваше дека веќе е договорен со Трабзон, но веројатно не сака да замине од Хрватска. А од „Максимир„ го сметаат како еден од најдобрите странци кои го облекле дресот на Динамо.