Јунакот на Интер: Сега на сите им покажавме дека имаме ма*иња!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Николо Барела беше еден од јунаците во победата на Интер од 2-1 против Баер Леверкузен во четвртфиналето на Лига Европа.

Поранешниот фудбалер на Калјари го постигна победничкиот погодок во триумфот на Интер кој му избори битка со подобриот од мечот меѓу Шахтер и Базел.

„Сега покажавме дека не сме екипа каква што тврдеа сите. Гледате, ние сме одлични и имаме ма*иња. Можевме и порано да го решиме натпреварот, па да одмараме повеќе за следниот меч, но Баер е опасна екипа и подготвена да направи големи проблеми. Горди сме на себе и одиме по финале. Многу ги почитуваме клубовите кои останаа во натпреварувањето, но тие мора да се плашат од нас“, порача Барела.