Јунакот на Јунајтед: Вредно тренирам и чекам вакви моменти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маркус Рашфорд денеска донесе победа на Манчестер Јунајтед против Хал.

Младиот напаѓач влезе од клупата, и во судиското продолжение на времето погоди за нови три бода на Црвените ѓаволи.

После мечот, како и секогаш, беше многу скромен.

„Неверојатно. Прв натпревар на гостувањата за мене и среќен сум поради голот за победа. Навивачите влегоа на терен за заедно да прославиме, но тоа е се дел од фудбалот.

Вредно тренирам и чекам моменти како што се овие. Неверојатно е да бидеш опкружен со играч како што е Златан Ибрахимовиќ“, рече Рашфорд.

Јунајтед после три кола има истотолку победи.