Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашите млади надежи го поправија впечатокот од вчерашиот убедлив пораз од Бугарија славејќи над денешниот противник Ирска со 82-96(31-28, 20-18, 18-34,13-16 ). Македонците успеаја да направат огромен пресврт и да се вратат ’во игра’ откако по шест минути ’бркаа’ и двоцифрена негатива. Куран го отвори резултатот откако Димитријевиќ не успеа да ја задржи топката. Лошиот старт резултираше со пад на концентрацијата и неколку загубени топки. Во тоа време, ирските јуниори направија некоклку брзи поени од контри за првата двоцифрена предност на средбата (16-5).
Очекувано, селекторот Елис повика тајмаут кој набрзо вроди со плод. Виктор Ефремовски и Мартин Ѓорѓиевски реализираа зад линијата за три поени со кои Македонија се доближи на само еден поен негатива (29-28). Во вториот период продолжи битката поен-за-поен што го зголеми водството на Ирска на пет поени пред полувремето (56-51). Откако екипите се вратија на паркетот следеше промена на улогите.
Веќе во 23. минута Макеоднија имаше минимално водство откако повторно, Ефремовски беше прецизен за три поени (57-58). Како одминуваше времето така започна да расте позитивата.
Серија од 2-10 беше доволна за двоцифрена позитива за нашите млади кошаркари (66-77) која до крајот противникот не успеа да ја анулира. Сe што можеа младите Ирци да направат до крајот на натпреварот беше да гледаат како расте негативата на семафорот, сe до конечни 82-96. Најефикасен во нашиот национален состав беше Виктор Ерфремовски со 24 поени (седум тројки) на кои придодаде и седум скокови додека капитенот на јуниорите Ненад Димитриујевиќ оствари дабл-дабл ефект од 14 поени и 12 асистенции.
Двоцифрен ефект уште имаа Милески (13), Огњеновиќ (15) и Мамузиќ (10). Во противничкиот табор најефикасни беа Ринг и Друмонд со по 17 поени.
Утре, нашите јуниори ги очекува дуел против Унгарија која денес славеше над Кипар со 88-41.Натпреварот ќе започне во 18 часот и 45 минути.