Јуве им дал дозвола: Пјаниќ и Игуаин во „пакет“ на лето засилуваат европски гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следното лето се очекуваат голем број возбудувања за време на преодниот рок, а се шпекулира дека веќе се договораат некои трансфери.

„Тутоспорт“ објави дека Јувентус и ПСЖ би можеле да остварат нова соработка кога станува збор за трансфери.

Парижаните ги посакуваат Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин, а постои голема шанса да ги купат од Јувентус.

Спортскиот директор на францускиот гигант, Леонардо некое време ги следи двајцата фудбалери и покажал интерес да ги донесе следното лето.

Леонардо неколку пати разговарал со управата на Јувентус, но досега не добил никаков конкретен одговор од нив, па повеќе детали се очекуваат во текот на следниот период.