Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Алегри играше во формација 4-4-2, Де Бур на дебито со 4-2-3-1.
Италијанските клубови влегуваат во самиот финиш на подготовките пред стартот на новата сезона во Серија А! Шампионот на Јувентус и неговиот најголем ривал Интер – се надеваме дека Миланезите тој епитет конечно ќе почнат да го красат и на теренот – имаа денеска одлична проверка против Еспањол, односно Селтик.
Старата дама во Модена играше против Каталонците и испушти триумф во втората минута од продолжението. Еспањол излезе пред одличниот состав на Јувентус каде што по прв пат од првата минута се најде и најскапиот фудбалер во историјата на торинскиот клуб Гонзало Игуаин.
Покрај Аргентинецот заиграа уште две засилувања – Дани Алвеш и Мехди Бенатија. Интересно, овој другиот, играше на место лев бек…
Шпанците дојдоа до предност од 1:0 во 37 минута со погодок Лео Баптиста кој многу лесно се ослободи од искусниот Барзаљи. На доброто додавање на Асамоа Јуве преку Манџукиќ стигна до израмнување на почетокот на второто полувреме, а целосен пресврт следеше во 90 минута. Паоло Дибала постигна страшно голчиште со удар од околу 25 метри. Делуваше тогаш дека Старата дама забележа уште една победа на подготовките, но две минути подоцна повторно ужасна реакција на одбраната на црно=белите Жерар Морено погоди за конечни 2:2.
Интересен податок е дека Макс Алегри направи само две измени., Тој на теренот од првата минута во формадција 4-4-2 ги испрати следните 11 играчи: Буфон – Дани Алвеш, Барзаљи, Киелини, Бенатија – Пјаниќ, Лемина, Асамоа, Переира – Манџукиќ, Игуаин. Шанса добија голманот Нето и стрелецот на голот Дибала во 80 минута.
https://www.youtube.com/watch?v=S5WLO1H0uFU
Конечно и Интер да добие некого. И тоа на дебито на новиот тренер Франк Де Бур. После тешките порази од ПСЖ (1:3), Баерн (1:4) и Тотенхем (1:6), каде што примија дури 13 голви, Нероаѕурите го совладаа Селтик – 2:0.
Навивачите на заспаниот милански гигант посебно може да се радуваат на инзвонредното деби за сега најскапото овогодишно засилување Антонио Кандрева.
Довчерашниот фудбалер на Лацио влезе во игра наместо Банега во 62 минута и после само девет минути го постигна вториот гол за Интер. И тоа каков. После убав пас на Икарди крилниот напаѓач ја брцна топката преку чуварот на мрежата на тимот од Глазгов од петнаесет метри со прекрасен лоб.
Првиот гол за Нероаѕурите е дело на Едер во првата минута од продолжението на првото полувреме на додавање на тогаш одличниот Перишиќ.
Стартните 11 на Де Бур во формација 4-2-3-1: Хандановиќ – Д`Амброзио, Ранокија, Миранда, Нагатомо – Медел, Кондогбија –Едер, Банега, Перишиќ – Икарди. Покрај Кандрева шанса во вториот дел добија уште Јоветиќ, Фелипе Мело, Бјабијани и Еркин.
https://www.youtube.com/watch?v=UhkX5eweq6E