Јуве никако да се договори со Дибала – ако нема нова соработка, Аргентинецот ќе биде продаден!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус преговара веќе неколку месеци со Пауло Дибала, но засега немаат постигнато договор за нова соработка, па најверојатно Аргентинецот ќе си замине од клубот.

Јувентус му нуди плата од 10 милиони евра на Дибала, но Аргентинецот бара пет милиони повеќе, односно сака сума од 15 милиони евра, но италијанскиот шампион нема намера да му понуди таков договор.

„Старата дама“ го купи Дибала во 2015 година за 40 милиони евра, а две години подоцна потпиша соработка до 2022.

Доколку Дибала не се договори со Јувентус до крајот на сезонава, тогаш најверојатно тој ќе оди на трансфер-листата, а има неколку екипи кои го посакуваат неговиот потпис, и тоа се Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.