Јувентус е мајстор за преговарање: Познато е колку платиле обесштетување за Сари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус вчера го потврди доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на овој клуб.

Тој само година дена помина во Челси и не можеше да одбие кога стигна повик од Јуве. Овој стручњак со плавите ја освои Европа лигата и се очекуваше и понатаму да остане на клупата на лондонскиот клуб.

Меѓутоа, Јувентус беше многу упорен во преговорите, а ни самиот Сари не ја криеше желбата да ја прифати понудата. Единствен проблем беше договорот кој го имаше овој тренер со Челси.

Плавите не сакаа туку  така да ја раскинат соработката, бидејќи јасно пишуваше во договорот дека клаузулата за откуп му е шест милиони евра. Јуве сигурно го платил обесштетувањето, но Тутоспорт пренесе дека тие поминале многу подобро.

Наводно, Јувентус за Сари платил само милион евра и успеале да ја намалат цената за дури пет милиони евра. Тој во текот на преговорите само повторувал дека сака да се врат во Италија, бидејќи сакал да биде близу до своите родители кои не било во најдобра здраствена ситуација.