Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус вчера објави фотографии од опремата за тренинг за сезоната 2020/21, но еден детал го привлече вниманието.
Имено, на фотографијата на Леонардо Бонучи се гледа дел од дресот под тренерката со кој ќе играат Бјанконерите следната година.
Во дресот ќе доминира белата боја. За разлика од оваа сезона, ќе има четири вертикални линии на оној за следната сезона, додека грбот ќе биде целосно бел.
Логото на „Адидас“, како и грбот на Јувентус и името на спонзорот ќе бидат златни. Додека јаката е во форма на V.
Шорцевите и штуцните ќе бидат претежно бели, а грбот на најтрофејниот италијански клуб ќе биде златен, исто како и на дресот.