Јувентус го прекинува мачењето и плаќа уште една клаузула?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Отпадна Матуиди, ништо ни од другите мети за средината на теренот, дали на овој начин ќе ја завршат работата?

После Матуиди, отпадна изгледа и Сисоко бидејќи Њукасл бара 40 милиони евра па Италијаните се откажаа.

Во овој момент ни Брозовиќ не е реална опција, Интер сака да го продаде, но не во Јувентус.

„Ни недостасува шлагот на тортата, ќе видиме, и без тоа тортата е вкусна“, се насмеа директорот Марота на прашањето на новинарите кој ќе стигне во средниот ред.

Јувентус веќе плати две клаузули, за Игуаин, но и за Пјаниќ (тој се откажа од својот дел), па транснферот на место 37 беше нешто повеќе од 32 милиони). Може и трет, италитајанските медиуми пренесуваат дека италијанскиот шампион е заинтересиран за Н`Зонзи, играч за врска на Севиља.

Шпанците имаат и понуда од Лестер, повеќе сакаат да го вратат во Англија, отколку да го засилат Јуве со кои втора година во низа играат во групите на ЛШ, но откупната клаузула за Французинот е 30 милиони евра.

Ако Јуве тоа го плати, Андалужаните нема да се прашуваат.

Стивен Н`Зонзи веќе играше во ПЛ за Стоук, го носеше дресот на Блекбурн, во минатото лето стигна во Севиља за 10 милиони вра, а сега на него може да заработат три пати повеќе.

Инаку, Н`Зонзи кој играше за младата француска репрзентазија може да добие повик за Алардајс за Англија, го тренираше во Блекбурн, но УЕФА може тоа да го спречи токму поради шест мечеви кој фудбалер ги одигра за Петлите.

Н`Зонзи има и понуда од ДР Конго, откаде што и потекнува, но не прифати да за игра за овој африкански национелен тим.