Јувентус ќе ја предаде титулата, нов шампион ќе биде Интер!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Италијанските медиуми направија анкета меѓу тренерите за тоа кој ќе биде нов шампион во Серија А, а многумина го избраа Интер.

„ИтаСпортПрес“ ги објави резултатите во кои учествуваа 16 тренери, а дури 11 од нив својот глас го дале за Интер дека ќе биде шампион сезонава.

Тренерите кои гласаа за Интер беа: Џан Пјеро Гасперини, Пипо Инзаги, Еусебио Ди Франческо, Симоне Инзаги, Стефано Пиоли, Џенаро Гатузо, Фабио Ливерани, Роберто Де Зерби, Марко Џампаоло, Лука Готи и Иван Јуриќ.

Дека Јувентус ќе биде шампион гласал тренерот на Специја, Виченцо Италијано, додека Џовани Строп од Кротоне го даде гласот за Милан.

Синиша Михајловиќ, Чезаре Прандели и Клаудио Раниери не сакале да биде откриен нивниот глас.