Јувентус конечно најде нов клуб за Манџукиќ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иднината на Марио Манџукиќ не е во Торино со оглед на тоа дека Јувентус сака да го продаде хрватскиот напаѓач.

Наредниот клуб во богатата кариера на Манџукиќ треба да биде ПСЖ, кој бара напаѓач веќе некое време.

Нејмар е на чекор до враќање во Барселона, а Килијан Мбапе и Едисон Кавани се повреди поради што францускиот тим бара алтернатива.

„Скај Спортс“ обајви дека од Париз стигна повик до клубот од Торино поврзан за 33-годишниот фудбалер.

Манџукиќ е член на Јувентус од 2015 година и размислува во моментов дали да ја прифати или одбие понудата на парижаните.

Да потсетиме, напаѓачот летово се поврзуваше и со трансфер во Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.