Јувентус му ги расипува плановите на Интер: Конте ќе остане без својата голема желба!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Интер долго време преговара со Манчестер јунајтед за ангажирање на Ромелу Лукаку, но засега без успех, а тоа сака да го искористи Јувентус.

„Ѓаволите“ бараат 70 милиони евра за Белгиецот, додека „нераѕурите“ се обидуваат да ја намалат цената, но наскоро тоа може да ги чини скапо, зашто може желбата на Антонио Конте да му ја „украде“ неговиот поранешен клуб.

Експертот за трансфери, Џанлука ди Марцио тврди дека Јувентус се распрашувал за можноста да го ангажира Лукаку од Манчестер.

Не е јасно дали тимот од Торино со овој потег сака да го натера Интер да му го продаде Икарди или навистина е заинтересиран за Лукаку, кој не импресионираше со своите настапи во дресот на „ѓаволите“.