Јувентус му нуди искусен фудбалер плус пари на Јунајтед за Погба!?

Јувентус планира да го купи Пол Погба од Манчестер јунајтед, а поради тоа планира да го понуди Арон Ремзи плус пари.

„Старата дама“ сака да го врати својот поранешен фудбалер, кој не е среќен на „Олд Трафорд“, а италијанскиот новинар Николо Шира објави дека во моментов во тек се преговорите.

Сумата која се споменува е 50-60 милиони евра, плус Ремзи, па останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на такво нешто.

„Пол Погба сака да го напушти Манчестер јунајтед. Негов прв избор е Јувентус, кој работи на негово враќање. Јувентус би можел да понуди меѓу 50-60 милиони евра плус Арон Ремзи“, откри новинарот.