Јувентус му нуди размена на Челси за Лукаку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус му нуди размена на играчи на Челси. Калчолигашот го сака Ромелу Лукаку, а за возврат го понуди Душан Влаховиќ.

Јувентус е заинтересиран за Лукаку, кој треба да го предводи нивниот напад, но сега на потег е Челси кој веќе покажа интерес за Влаховиќ.

Лукаку минатата сезона ја помина на позајмица во Интер и се надеваше дека ќе остане во тимот, но „нераѕурите“ не можат да се договорат со Челси за откуп на неговиот договор.