Јувентус му нуди тројца играчи на Челси за Жоргињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е тајна дека Маурицио Сари е голем фан на Жоргињо, кого го тренираше во Наполи и Челси, а сега се обидува да го донесе во Јувентус.

Жоргињо очигледно е фудбалер, кого Сари многу го цени, бидејќи италијанскиот стручњак го донесе во Челси пред две години. Но, сега кога ја презеде клупата на Јувентус, тој уште еднаш покажа желба Жоргињо да биде дел од неговиот тим.

Веќе некое време се пишува дека Јувентус ќе се обиде да го донесе играчот од средниот ред на Челси на крајот од оваа сезона, а веќе некое време се шпекулира дека Миралем Пјаниќ би можел да оди во спротивна насока.

Но, како што пишува Калчомеркато утрово, ништо од тоа нема да се случи. Јуве преговара со Барселона и ПСЖ за Пјаниќ, а тие очигледно имаат и некои други планови за Жоргињо.

Наводно, Старата дама му нуди на Челси да избере меѓу тројца играчи кои би можеле да бидат вклучени во трансферот на Жоргињо. Така, Јуве им нуди на сините им ги нуди Даглас Коста, Адриен Рабиот и Федерико Бернардески, а лондонскиот клуб ќе може да избере еден од нив доколку му дозволат на Жоргињо да оди во спротивна насока.