Јувентус му понуди тројца фудбалери на Интер за Икарди


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди на крајот на сезоната речиси сигурно ќе го напушти Интер. Тој е најомразената личност во моментов во Милано поради неговото однесување, па навивачите сакаат да си замине.

Аргентинецот на ризичен начин покажа дека сака на крајот на сезоната да го напушти Интер, иако често кажуваше дека сака да остане во клубот.

Со Интер се поврзуваат многу напаѓачи во последно време, а најголем интерес за Икарди покажа Јувентус, кој подготвил и интересна понуда.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус понудил тројца фудбалери на Интер за Икарди, а тоа се Игуаин, Дибала и Кансело, кој минатата сезона пристигна токму од Интер.