Јувентус нема да штеди: Роналдо добива страшен договор!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Јувентус ќе му понуди нов договор на Кристијано Роналдо, со кој Португалецот би требало да остане во клубот до 39 години.

Шпански „АС“ објави дека „Старата дама“ планра да го задржи Роналдо дополнителни две сезони, односно до 2024 година.

Актуелниот договор на Роналдо му е до јуни 2022 година, сепак иако е убедливо најплатен со плата од 31 милион евра, тој му носи многу пари на италијанскиот гигант.

Исто така, Јувентус е во потрага по напаѓач за слената сезона, а веќе се споменуваат како потенцијални засилувања Тимо Вернер, Габриел Жесус, Хари Кејн и Мауро Икарди.

Сепак, има време до летниот преоден рок, па останува да видиме што ќе се случува.