Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус традиционално ги носи најдобрите играчи од Серија А. Бјанконерите во своите редови се обидуваат да ги соберат најдобрите домашни играчи за да го сочуваат италијанскиот идентитет.
Најбараниот Италијанец ова лето ќе биде Федерико Киеза, фантастичниот крилен играч на Фиорентина кој има намера да направи исчекор во својата кариера по целосната афирмација во Фиорентина.
Фантастичниот Киеза е приоритет број еден за Јувентус и Старата дама е подготвена да понуди дури тројца фудбалери за неговите услуги на Фиорентина.
Бјанконерите имаат намера да ги испратат дефанзивците Кристијано Ромеро и Даниел Ругани во Фиренца, како и играчот од средниот ред Роланд Мандрагора.
Навивачите на Фиорентина нема лесно да му простат на Киеза при евентуален трансфер во Јувентус, но првиот човек на клубот, Роко Комисо порано изјави дека доколку понудата била доволно добра, нема да има против да го испрати 22-годишниот фудбалер во Торино.
Интер е сериозно заинтересиран за Киеза, син на легендарниот фудбалер на Парма, Енрико Киеза.