Јувентус објави дека една од ѕвездите на тимот го продолжи договорот со клубот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од таборот на Јувентус објавија дека Војчех Шчезни го продолжил договорот со клубот и ќе остане во Торино во следните четири години.

Полскиот интернационалец е прв избор на Маурисио Сари и веќе има забележано 84 натпревари во дресот на Јувентус.

Појлакот од 2017 година е во клубот од Торино каде пристигна од тимот на Рома.

„Оваа прекрасна помеѓу Шчезни и Јувентус ќе продолжи и понатаму до 2024 година. Без сомнеж тој го заслужи овој договор, Војчех е одличен голман“ –стоеше во дел од соопштението на Јувентус.